ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При контрола во патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки во кое, пријавениот се превезувал а извршена кај месноста „Битолска раскрсница“ во близина на Кичево,  пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. Ф.Б. беше лишен од слобода и задржан во полициската станица во Кичево.

Exit mobile version