Во Европа сѐ уште има дилеми за вакцинацијата на деца

Земјите од Европската унија би требало да го земат предвид глобалниот недостаток на вакцини против Ковид-19 пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Минатата недела Европската агенција за леков одбори вакцината на Фајзер да дава на деца од 12 години.

Претходната препорака на ЕМА беше вакцини да се даваат на постари од 16 години. ЕЦДЦ повика да се одложи вакцинацијата на младите во богатите држави и наведе оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде само приоритет кога станува збор за голем ризик од развој на сериозни симптоми на коронавирусот.

ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа во врска со вакцинацијата, со која управуваат националните влади. Студија покажа дека поголемиот број на луѓе помлади од 20 години кои се заразуваат со ковид-19 имаат благи симптоми, но ризиците се зголемуваат кај оние кои имаат неуролошки или белодробни заболувања, соопшти ЕЦДЦ.

 

01.06.2021 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега