Во Делчево доставен доверливиот материјал за гласање, право на глас имаат 14.680 граѓани

Стручните служби при Државната изборна комисија денеска попладне во Делчево го доставија доверливиот материјал за претстојните Предвремени парламентарни избори. Како што инфоирмираше претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски, во Делчево за претстојните избори има 341 барање за гласање на болни и изнемоштени лица при што шест од барањата се одбиени.

-По извршеното примопредавање со потпишување на записник Општинската изборна комисија дополнително ќе ги информира членовите на избирачките одбори за денот и часот кога ќе им биде предаден материјал. Во однос на гласањето на болни и изнемоштени лица, комисијата во присуство на стручно медицинско лице има одбиено шест барања. Немаме евидентирано лица со КОВИД-19 и во самоизолација кои ќе гласаат. Во Делчево годинава право на глас имаат 14.680 граѓани, кои ќе гласаат на 36 избирачки места, од кои 15 гласачки места во руралните средини, рече Петровски.

Поради концентираност на избирачките места за време на изборите, како што додаде Петровски, ќе бидат ангажирани лица пред влезот на основните училишта во кои ќе гласаат најголем број од гласачите, кои нема да дозволат гласање на граѓаните без носење заштитна маска.

-Тоа значи дека без носење заштитна маска нема да биде пуштено ниту едно лице на гласачкото место. За време на гласањето максимум по двајца можат да влезат со маска. Гласачите прво ќе се дезинфицираат, тоа е процес за кој претставниците на избирачките одбори беа едуцирани. Иако има мали измени на овие избори, членовите на избирачките одбори се веќе искусни, поради што очекуваме се да биде во најдобар ред. Гласањето ќе биде исто како кога граѓаните одат во банка или во некоја институција, додаде Петровски.

И во Делчевво како и во сите градови во државата, на 15 јули како што додадоа од ОИК Делчево, гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 21 часот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега