Гласањето во Делчево започна навреме на сите 34 гласачки места од вкупно 36 избирачки места во општината. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК), до 9 часот наутро своето избирачко право го оствариле 683 гласачи, што претставува 4,7 проценти од вкупно 14.503 запишани гласачи.

Од ОИК информираат дека гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, без пријавени неправилности.

Од ОИК Делчево напоменаа дека гласачите од избирачките места Киселица и Селник денес ќе гласаат на избирачките места во селата Очипала и Драмче, за да можат непречено да го остварат своето право на глас.

Граѓаните во Делчево денес гласаат за двајца кандидати за градоначалник и шест советнички листи.

Exit mobile version