Според првичните резултати во општина Дебар ќе има втор круг на гласање, а во трка за градоначалничката функција ќе бидат Фисник Меља, од ВРЕДИ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Рамадан Имери, независен кандидат.

Во штабот на ВРЕДИ се славеше убедливиот резултат во првиот круг во кој Меља, според изборниот штаб освоил 3226 гласови.

Меља преку објава на Фејсбук се заблагодари на поддршката и напиша “Ти благодарам Дебар”.

-Од срце ви благодариме, драги дебарчани, за довербата и поддршката! Оваа победа е ваша – победа на луѓето што веруваат и гласаат со срце за нашиот град. Продолжуваме уште посилно, уште пообединето, за  Дебар – за младите, децата и целата иднина на нашиот град! Бог да го благослови Дебар, напиша Меља. 

Според првичните податоци независниот кандидат,  Имери освоил 2447 додека кандидатот на НАИ, Илирјан Фетаху 2025 гласа.

Во единствениот избирачки список во оваа општина се запишани 19763 лица со право на глас а го оствариле над 41 отсто. 

Exit mobile version