Во четврток прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во четврток, на 11.07.2019 година, на подрачјето на градот Скопје, ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци, соопштуваат од Град Скопје.

Имено, авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11.07.2019 година (четврток) во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од таму велат дека Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2019 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега