Во Царинска испостава „Табановце“, во товарно возило пронајдени осум лица мигранти

Во Царинска испостава „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Табановце, вчера во задниот товарен дел на паркирано товарно возило пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција.

Од МВР денеска соопштија дека вчера во 10.30 часот по пријава на М.Б.(53) од Р.Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото.

– Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано, се наведува во соопштението од МВР.

За настанот бил известен jавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега