Во Бугарија владеењето на правото е под сериозна опасност, тврди главниот обвинител во државата Иван Гешев

„Во Бугарија под сериозна закана е владеењето на правото, поделбата на власта и човековите права". Тоа го нагласи денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по присуството на сослушувањето во ЕП за состојбите во Бугарија.

Тој додаде дека државата сака засилен дијалог со европските институции, „вклучително и посериозен мониторинг на постоечкиот механизам за владеење на правото", јави БТА.

Гешев додаде дека европратениците биле заинтересирани за неколку конкретни предистражни постапки, како што е „Барселонагејт".

Според Иван Гешев, кога се работи за реформи во правосудството, фокусот секогаш е на обвинителството.

„Проблемот е во многу органи. Проблемот е во МВР, кое треба да се реформира. Проблемот е во судовите, кои исто така треба да се реформираат. Проблемот е во процедурите. Проблемот е одговорност на судиите, затоа што бугарскиот судија, верувајте, не може да биде казнет речиси за ништо", нагласи Гешев.

Главниот обвинител на Бугарија, исто така, рече дека обвинителството е подготвено да учествува во судските реформи, но истакна дека со текот на годините имало многу обиди тоа да се оствари.

Гешев додаде дека недостига соработка меѓу институциите во Бугарија и се прават обиди да се води војна со  судството. Според него, МВР се обидува да ги зграпчи ингеренциите на судството

27.01.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега