Во Бугарија ќе биде многу евтина храната во рестораните поради новите мерки на Владата

Бугарскиот парламент го прифати владиниот предлог за намалување на стапката на ДДВ на храната во рестораните и за кетеринг услугите од 20 на 9 отсто почнувајќи од јули.

Ниските даноци ќе останат на сила до крајот на 2021 година ккао привремена мерка со која би се постигнало опоравување на тој сектор тешко погоден од коронавирусот.

Намалувањето на ДДВ нема да се однесува на алкохолните пијалоци во рестораните и кетеринг услугите, за кои и натаму ќе се плаќа ДДВ од 20 отсто.

Премиерот Бојко Борисов го изнесе планот за намалување на даноците минатиот месец и покрај противењето на министерот за финансии. Исто така наиде на критика на економистите кои рекоа дека тоа ќе поттикне многу други сектори да бараат намалување на данокот.

Владата очекува дека економијата оваа година ќе падне за три отсто, додека ЕК очекува значително поголем пад од 7,2 отсто.

Стапката на ДДВ во Бугарија изнесува 20 отсто на сите стоки и услуги, освен хотелските, и е главен извор на приходи во оваа земја, чиј данок на доход и корпоративен данок од 10 отсто е меѓу најниските во ЕУ.

Парламентарците исто така изгласаат намалување на ДДВ на книги, одредена детска храна и пелени на 9 отсто, кои исто така ќе видат на сила од јули до крајот на идната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега