Во Босна и Херцеговина 215 новозаразени- потпишан договор за набавка на вакцинa

Во Босна и Херцеговина се потврдени 215 нови случаи на инфекција со коронавирус, а пет заразени лица починаа во изминатите 24 часа, објавија институтите за јавно здравје.

Во Федерацијата БиХ се тестирани 1635 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 164 случаи.

Во Република Српска, од понеделникот се тестирани 466 примероци, а потврдена е инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 кај 51 лице.

Од епидемијата на коронавирус во март во БиХ, инфекцијата е откриена кај повеќе од 25.700 луѓе, а повеќе од 18.000 се третираат како закрепнати.

Починаа 784 лица кај кои инфекцијата е потврдена.

БиХ е меѓу земјите во светот што потпишаа договор за набавка на вакцинa против коронавирус со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), а властите на БиХ се надеваат дека земјата ќе биде меѓу првите што ќе ја добие вакцината откако ќе биде проверена и подготвена за широка употреба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега