Во близина на Жировница уапсени двајца албански државјани

 

Граничната полиција привела двајца албански државјани во близина на селото Жировница поради сомнение дека шверцувале наркотична дрога марихуана.

Според СВР Тетово, при контрола на возило со албански регистарски ознаки, вчеравечер, во 23 часот и 10 минути, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница во багажниот простор бил најден ранец во кој имало околу два килограма марихуана.

Двајцата албански државјани кои биле во возилото Е.Л.(18) и Е.Ч. (33) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега