Во Битола пронајдени стари артилериски гранати од Прва светска војна

Во Битола вчера биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

Како што соопштија од МВР, гранатите биле пронајдени при вршење ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега