Во Битола двајца тинејџери заболени со Ковид 19

Во текот на денешниот ден беа региострирани 128 нов случаи со коронавирус, од кои најголем дел се од Скопје.

Два нови случаи се регистрирани во Битола, а се работи за 18- годишни битолчани кои се меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно евидентирани лица со коронавирус, соопштија од Центрот за јавно здравје во Битола, пренесува „СДК.мк“.

Од Кризниот штаб на Општина Битола соопштија дека присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и лица на возраст помеѓу 20 и 30 години.

Од појавата на пандемијата во Битола се заразиле 116 лица, а болеста е во тек уште кај 58.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега