Во Битола до 15 часот гласале 39,5 отсто од вкупно 81.488 регистрирани лица со право на глас

На вонредните парламентарни избори, во Битола до 15 часот гласале 39,5 отсто од вкупно 81.488 регистрирани лица со право на глас.

Во Битола и битолско се гласа на 169 избирачки места.

Паралелно со изборниот процес, во Битола од 7 часот отворена е канцеларијата на Народниот правобранител за пријавување на евентуална повреда на избирачко право. До 21 часот граѓаните може да го користат и телефонскиот број 047 242-310, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител во овој град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега