Во Берово идната година ќе има само 77 првачиња - во Пехчево 40

Од септември во малешевските општини Берово и Пехчево прв пат настава ќе посетуваат вкупно 117 првачиња. Според резултатите од првиот уписен рок, како што информираше Наташа Аврамска, директорка на беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“, заедно со подрачните училишта кои работат во состав на училиштето, во Берово своето основно образование ќе го почнат 77 првачиња.

– Крајниот резултат од уписниот рок е дека вкупно во Берово и сите подрачни училишта кои се во наша надлежност, се запишаа вкупно 77 првачиња. Уште е рано да се каже колку паралелки ќе бидат формирани, бидејки ќе ја чекаме конечната одлука на Советот на општина Берово. Изминатата учебна година, по основ на завршено основно образование, училиштето го напуштија 91 ученик, рече Аврамска.

Во текот на изминатата учебна година, како што нагласи Аврамска, заедно со подрачните училишта, настава во Берово следеле 712 ученици.

Основно образование во Пехчево во текот на изминатата учебна година завршиле 40 ученици, бројка која, како што директорката на деветолетката „Ванчо Китанов“, Добрила Јовевска, е слична со бројот на првачиња кои од септември ќе тргнат на училиште.

– Оваа година според резултатите од уписниот рок имаме регистрирано 40 првачиња. Оваа година настава следеа 305 ученици додека 40 деветооделенци ја напуштија нашата установа, вели Јовевска.

Во двете малешевски општини во изминатата учебна година настава како дел од основното образование следеле вкупно 1.017 ученици

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега