Во Берово -16: Во кои градови вчера беше најстудено?
На територијата на целата земја ноќеска и утрово се измерени минусни температури, а најстудено било во Берово – 16 степени. Во Битола се измерени -13, во Крушево – 12, во Маврово -11, во Крива Паланка и во Виница -10, во Претор -9, во Охрид, Прилеп, Штип и Струмица – 8, во Тетово и Куманово – 6, во Демир Капија – 5, во Скопје, Гевгелија и Дојран – 4 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 31 сантиметар, во Битола 17, во Маврови Анови и Крушево седум, во Охрид и Берово пет, во Претор, Тополчани и Ѓуриште четири и еден сантиметар во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип.
Времето денеска сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен претпладне. Максималната температура ќе достигне од -5 до 4 степени.
Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до еден степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа