Во албанскиoт град Фиер шетаа кучиња облечени во грчки знамиња

 Во албанскиoт град Фиер, група млади вчера протестираa  против однесувањето на членови на неонацистичката грчка партија „Златна зора“, кои пред два дена,  во албанското приморско гратче Химара извикувале антиалбански пароли.

Учесниците на протестот облекле две кучиња со грчко знаме и истите ги држеле врзани со синџир, јави дописникот на МИА од Тирана.

Полицијата привела десет лица, подради незаконско организирање протест.

ФОТО: Евести

 

11:46

најчитано сега