Во акцијата на МВР уапсени околу 20 терористи, припадници на ИСИС

Полицијата уапсила околу 20 припадници на ИСИС, на кои им е определен притвор, јавува порталот 24 Инфо.

  Според неофицијални информации, порталот објави дека полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје.

МВР вечрва излезе со соопштение дека бил спречен терористички напад од припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, а по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја. По МВР се огласи и амбасадата на САД, од каде преку соопшение ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни поради можен терористички напад во Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега