На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.

Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version