Внимавајте кога шетате на улица: Тројца скопјани каснати од кучиња

Три лица биле каснати од кучиња во Скопје.

Во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром, 52-годишниот Д.Д. од Скопје пријавил дека на булеварот „АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

 Претходно во 18 часот во Полициската станица Карпош, 72-годишниот Т.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Исто така, во 19.45 часот во СВР Скопје, 31-годишниот Ѓ.С. од Скопје пријавил дека на булеварот  „Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега