Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) предупредува на значително намалена видливост поради појава на магла на неколку клучни правци во државата. Најкритично е на делот Сарамзалино – Штип, каде видливоста е ограничена до 100 метри, додека на правците Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин видливоста е до 200 метри.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, утрово нема подолги задржувања за влез или излез.

Од АМСМ апелираат до возачите:

„Препорачуваме прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.“

Exit mobile version