Внимавајте и добро заклучувајте ги становите: Крадци оперираат во Кисела Вода, на мета овие згради

 

Крадци оперираат во скопската населба Кисела Вода. Сведоци за Пресс24 велат дека последните недели крадци оперираат по становите, а најчесто на мета се оние влезови во кои сеуште има стари врати без домофон.

На скопјанец му го украле велосипедот кој бил врзан за гелендерот од скалите во влезот, провалено е и во помошните простории на влез, а имало и обид за кражба во стан на улицата Петар Делјан, каде крадците претуриле се, но за среќа не нашле ништо па си заминале со празни раце.

Случаите се пријавени во полиција која извршила увид. Се работи на идентификување на насилниците, кои најверојатно оперираат во група. Полицијата периодов и патролира во населбата.

Внимавајте на своите станови.

 

 

 

16.05.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа