Внимателно размислете во кој месец да правите свадба: Секој има свое значење

На балканските  простори некогаш се верувало дека секој месец има свое значење и според него се одредува успехот на бракот.

Јануари

Кој ќе стапи во брак додека годината е нова – тој ќе биде заљубен, добар и искрен.

Февруари

Кога февруарските птици спијат, не се венчавај, туку плаши се од својата судбина.

Март

Ако се омажиш/ожениш во периодот кога дува мартовски ветер, ќе имаш и уживање и солзи.

Април

Ако сте во можност, венчајте се во април. Тоа е идеално уживање и за него и за неа.

Мај

Секоја свадба која се одржала во месец мај била несовршена.

Јуни

Ако се омажиш во период кога растат јунските рози, ќе мора да обиколиш и копно и море заради партнерот.

Јули

Оние кои ќе се венчаат во јули ќе мора да работат само за да се прехранат.

Август

Оние кои се венчани во август ќе поминат низ големи промени во текот на животот.

Септември

Склучувањето на брак во црква во овој месец ќе ви донесе богат и добар живот.

Октомври

Ако се омажиш или ожениш во овој месец, љубовта ќе расте, но богатството ќе се намалува.

Ноември

Ако се венчате во темниот ноември, можеби ќе треба време, но уживањето ќе дојде.

Декември

Кога ќе падне првиот снег, омажи/ожени се и заколни се на искрена љубов која ќе трае.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега