Внесете ги овие броеви и Интернетот ќе „лета“

 

Компанијата за безбедност на Интернетот Cloudflare лансирала сопствен систем за давање имиња на домејни (DNS) кој не само што ветува безбедно сурфање, туку е и значително побрз од останатите DNS сервиси.

Аналитиката покажала дека новиот сервис ги процесира упитите на интернетот при брзина од 14.01 мс, и поради тоа е официјално најбрзиот интернет. DNS сервиси се клучни компоненти на интернетот затоа што ги преведуваат IP адресите во имиња лесни за читање. До неодамна, Open DNS бил најбрз сервис за ва и ги процесирал упитите со брзина од 20.6 мц по упит. Иако разликата помеѓу овие две брзини може да ви изледа занемарлива, овие делови од секунда со текот на времето се зголемуваат и значително може да придонесат на вашето сурфање. Секој пат кога ќе кликнете на линк, испратите мејл или отворите некоја апликација, правите акации кои бараат проверка на DNS и затоа тоа изгубеното време лесно се зголемува. Ако никогаш не сте го менувале ова подесување, ви даваме инструкции како тоа да го направите, а најдобро од се – трае само неколку секунди:

Windows

1. Кликнете на Start мени и кликнете на Control Panel.

2. Кликнете на опцијата Network and Internet.

3. Потоа одете на Change Adapter Settings.

4. Со десен клик отворете ја WiFi мрежата на која сте поврзани и потоа отворете Properties.

5. Изберте Internet Protocol Version 4.

6. Кликнете на Properties.

7. Запиште ги сите постоечки DNS сервер внесувања

8. Кликнете на Use The Following DNS Server Addresses.

9. Заменете ги тие адреси со 1.1.1.1 DNS адреса: За IPv4: 1.1.1.1 i 1.0.0.1; за IPv6: 2606:4700:4700::1111 и 2606:4700:4700::1001.

10. Кликнете OK, и тогаш се затворете

11. Рестартирајте го вашиот броузер

MacOS

1. Отворете System Preferences

2. ПОбарајте DNS Servers и одерете ја таа опција од паѓачкото мени

3. Кликнете на + копчето за да го додадете DNS серверот и внесете 1.1.1.1

4. Кликнете на + повторно и внесете 1.0.0.1

5. Кликнете на Ok и потоа на Apply.

 

 

 

 

06.04.2018 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа