ВМРО–ДПМНЕ:Единствен приоритет на СДСМ е нивно богатење

Единствен приоритет на СДСМ е нивно богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено денеска.

Според партијата, СДСМ откако е на власт на граѓаните им донела економска криза, сиромаштија.

-Зоран Заев додека ги полни неговите џебови, енормно се празнат џебовите на граѓаните. Во ек на пандемија илјадници средни и мали претпријатија се затворија. Над 40.000 граѓани останаа без своето работно место. Над 40.000 семејства имаат по еден член невработен. Извештајот на Светската банка прогнозираше дека до крајот на годинава сиромаштијата ќе достигне 23% од населението, факт што говори дека над 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција. СДСМ ја зголеми сиромаштијата за дури 6%. Македонската економија се соочува со рецесија која не е видена од 2001 година. СДСМ е единствената партија на власт во светот која се дрзна кога владее пандемија и економска криза да ги покачи даноците на граѓаните. СДСМ ја покачи сметката за струја за 7.4%. Овие податоци се доказ дека мафијата на власт се бори само за зголемување на своите сметки и капитал, купувањето и градењето на хациенди, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ државата ја турна во сиромаштија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега