ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев ја злоупотреби трагичната судбина на семејствата на убиените од Смилковско езеро за политички цели?

Фатиме Фетаи вели дека немало ништо во бомбите за случајот Монструм барајќи казна за веќе обвинетите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено вечерва, испраќајќи фотографија од наслов објавен во 2015-та година.

-Заев велеше дека невини луѓе се во затвор за случајот „Монструм“. Главното прашање е зошто Заев лажеше и ја злоупотребуваше трагичната судбина на семејствата на убиените од Смилковско езеро за политички цели. Главниот политички монструм во „Монструм“ е Зоран Заев. Тој е главниот извор на безочни лажни вести и дрска злоупотреба на луѓе и судбини, се вели во дописот од опозициската партија, од каде додаваат дека Заев должи одговори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа