ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот

Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот, исто како што ги штелуваат и изборите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев со талибански методи со кои оди против волјата на народот, ќе оди и на попис. Затоа нема став во однос на пописот. СДСМ знае дека Заев си игра со државата и пописот, кој е стратешки важна операција, со помош на која се добиваат бројки важни за секое едно креирање на политика како на среден така и на долг рок, се вели во соопштение од партијата испратено утрово.

Според ВМРО-ДПМНЕ, без реални податоци од пописот државата не може правилно да се развива, а државните мерки и политики ќе бидат погрешни.

-Заев не смее да гледа на пописот како на уште една работа со помош на која ќе се пазари, туку мора да сфати дека тоа е статистичка операција, а не политичка. ВМРО-ДПМНЕ повикува на вразумување на Заев и организација на попис со чии методи ќе биде запознаена јавноста и ќе бидат прифатени предлозите на опозицијата, во спротивно нема да го признаеме таквиот попис, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега