Нашата политичка заложба како партија и како Влада која ја предводиме е директно во корелација со семејните вредности, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ
Во однос на коментарите на политичката партија ЛДП за изјавата на министерката Јаневска, сакаме да ги потсетиме дека во 2009 година, поранешниот претседател на ЛДП, а сегашен член на ИО на СДС, со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот Закон за додаток за трето и четврто родено дете – велат од партијата.
Реакцијата доаѓа по бројните критики на изјавата на министерката за образование Весна Јаневска која вчера им порача на првачињата од родителите да бараат братче или сестриче


