ВМРО-ДПМНЕ: Заеви даваат зелено светло за рекет, Филипче им настапува на митинзи, а граѓаните со живот ја плаќаат цената на лагите од 2016
Венко Филипче да се посветеше само на глумачко-политичката кариера во крими филмот на Заеви, Министерството за здравство ќе го водеа професионалци и немаше да броиме стотици заболени и десетици починати секој ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Зоран и Вице Заеви да си се посветеа на гангстерската кариера, државата ќе ја водеа чесни политичари кои ќе направеа нешто за народот.
-Дури народ се разболува и умира, со зелено светло на Заев се рекетираат и се палат автомобили во државата. Во Македонија за едно деноноќие има 147 нови случаи заболени од корона вирус, а 6 за жал починати. Венко Филипче без срам тера кампања и снима спотови на Заев. Тој денес требаше да одговори зошто ја излажа јавноста пред еден месец кога рече дека сите кластери во Скопје, кај што епидемијата е најсилна, се знаат и се под контрола, за сега да имаме признание од епидемиолозите дека корона вирусот се шири неконтролирано и веќе не се знае колку се кластери постојат, се наведува во соопштението.
Ова е доказ дека Филипче не води министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика.
Каков Заев – таков Филипче.
Заев го покажа своето лице. Тој не се грижи за народот. Нему главна грижа е како да ги зголеми милионите евра и како да сее страв преку рекетарите и на тој начин да прибира милиони во торби. За ова секој ден излегуваат сведоштва. Бојан Јовановски јавно призна дека рекетираните пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви, про-рускиот бизнисмен Дака призна дека бил во договор со Заев за бизниси во Македонија и платил 300 илјади евра, а вчера излезе и последното сведоштво на член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот кој каже дека со зелено светло на Заеви биле палени автомобили во Македонија.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа