ВМРО-ДПМНЕ: Заев секој ден на граѓаните им приредува порази, така не се оди во ЕУ

Македонија со криминалец како Зоран Заев немаше иднина. Најмалку во ЕУ. Затоа Зоран Заев мораше да си поднесе оставка. Доколку порано признаеше дека е неспособен и си дадеше оставка, тогаш штетите по Македонија ќе беа помали. Вака сметката за неговата коруптивна и антидржавна политика ја плаќаат сите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Одброени се деновите на Зоран Заев на Илинденска бр.2 Се гледа крајот на криминалната банда на чело со алболицираниот Заев. Завршува времето на криминалните тендери и грантови, на рекетот, политичкиот прогон, неправдата, неказнивоста на криминалот и погубните економски политики. Доаѓа време кога политичарите нема да бидат синоним за лажни ветувањата и неостварени очекувања. Време е за честити и чесни политичари чиј збор нешто значи. Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации, политиката „купи ден, помини“ веќе не минува кај македонскиот народ. Недобивањето на датум за преговори со Европската Унија е пораз за погубните политики на СДСМ, во Европа не се оди со рекет, криминал и корупција, не се оди се нула раст на економијата и укинување на правната држава. Граѓаните на Република Македонија заслужија да добијат датум за преговори и европска перспектива, но благодарени на Зоран Заев им беше сервиран уште еден пораз. Штетните договори, поразите, политиката на свиткана кичма не ја отвораат европската перспектива за нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека со промена на името и откажување од се што е македонско, нема да се доближиме до Европа додека Зоран Заев ги лажеше македонските граѓани дека ова е вистнискиот, „правиот пат“, истакнуваат од партијата.

Време е за реформи, вистниски реформи, политичари кои ќе ги засукаат ракавите и ќе ја изградат иднината на нашата држава со проекти и политики во интерес на граѓаните, а не мал број на слуги на Зоран Заев. Дојде време за обнова на Македонија, додаваат од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа