ВМРО-ДПМНЕ: Заев на земјоделците им ветуваше сигурен откуп, високи цени и интервентен фонд, ама ги излажа

Зоран Заев на земјоделците се сеќава од избори на избори. Народот уште ги памети лажните ветувања за загарантиран откуп на земјоделските производи, новите пазари за извоз и интервентниот фонд кој требаше да ги обесштетува земјоделците во услови на  природни непогоди или проблеми со откупните цени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев.

„Тоа што го вети Заев, како и за многу други работи, така и за земјоделците го заборави. Јаболкарите, тутунарите, сливарите, млекарите, производителите на праски и речиси сите земјоделци во овие три години имаа проблеми и го фрлаа своето производство по буништата и депониите. Кога се побунија за нивниот труд Заев им испрати оклопни возила да ги разбиваат нивните протести.

Затоа народот знае дека Заев е лицемерен. Ветува а ништо не прави. Кога можеше да спроведува земјоделски политики, тој штитеше криминал, корупција, и беше дел од рекетарските мрежи во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува конкретна помош на земјоделците. За 4 години предвидени се 640 милиони евра субвенции и 80 милиони евра инвестиции во водоснабдувањето. Дополнително се предвидуваат 20 илјади евра поддршка за набавка на машини и опрема на младиот земјоделец. Овие и уште десетици други конкретни проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе значат поддршка на земјоделецот, за да знае дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има партнер на кого може секогаш да се потпре.

 

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа