ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ единствено нешто што донесоа е беда и крпен живот

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија. Погрешните економски политики но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава. Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите. Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7% милиони евра странски инвеститори, додека пак  Србија има 1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра.  Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија. Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници  од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има  2.500 помалку. Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП. СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено  никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит. Граѓаните наместо да стануваат побогати  власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека  СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат.  Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2019 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега