СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации.

Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеле и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена.

Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.

Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија.

Заев и Филипче наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп.

Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси, имајќи предвид дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

СДС наместо демагогии и лаги, да понудат идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.

Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДС заврши.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version