ВМРО-ДПМНЕ: Заев граѓаните ги доведе до питачки стап, Македонија влезе во категорија на високо задолжени земји

Заев без срам и перде говори за сиромаштија, а тој ја осиромаши Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНе како реакција на обраќањето на премиерот Зоран Заев.

Според партијата, Зоран Заев граѓаните ги довел до питачки стап.

-Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија. Над 500.000 граѓани се на раб на егзистенција, живеат со 50-тина денари на ден. Во ек на пандемија кога државите ги намалуваат даноците, Зоран Заев се дрзна и преку Бислимоски ја покачи цената на струјата за 7.4%. Поради Зоран Заев и неговата неспособна влада Македонија официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави. Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се крати од капитални инвестиции и проекти, и не се вложува во здравство и образование во ек на пандемијата. Македонските граѓани од СДСМ единствено добија сиромаштија, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега