ВМРО-ДПМНЕ: Заев е за амнестија, затоа што и сам е амнестиран криминалец

Зоран Заев и СДСМ се за амнестија и аболиција на политичари. Зоран Заев е за амнестија, затоа што и сам е амнестиран криминалец, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое е реакција на прес-конференцијата на пратеникот Антонио Милошоски.

„Зоран Заев и СДСМ два дена бегаат од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да се усвои законско решение луѓе кои биле аболицирани да не можат да се занимаваат со политика, како и луѓе кои се занимаваат со политика да не можат да бидат аболицирани.

Зоран Заев не го прифаќа предлогот на Мицкоски затоа што се надева дека во иднина ќе биде аболициран за криминалите кои ги прави.

Попусти се сите надежи на Заев. Одговорност за се што стори ќе има.

Амнестии и аболиции за политичари нема да има.

По 12 април следува правда и правна држава“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.         

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега