ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од намерата за талибански попис

Зоран Заев нека избрише од глава дека може да организира талибански попис и дека тоа ќе му помине, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

-Пописот е најголема статистичка операција и податоците кои ќе произлезат од истиот се од витално значење за креирањето на политиките на институциите на среден и долг рок. Пописот не смее да се сведе на паушална работа, која ќе се спроведе со политички договор. Со самиот факт што Заев ја исклучува јавноста и не прифаќа предлози на опозицијата укажува дека тој нема намера да спроведе реален попис. Заев мора да знае дека само попис со терминали со отпечатоци од прсти ќе се утврди реалната состојба, се друго ќе биде штелуван попис, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да признаат попис по диктат на власт кој би бил предмет на политички договор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега