ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани

Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани, изборите секако ќе ги загуби што и да направи, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот Заев за ТВ 24.

-Вечерва видовме дека Заев нема ништо ново да понуди. Стравот од пораз е очигледен и Заев знае дека ќе изгуби. Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри кои дел биле веќе градоначалници, а дел смениле по неколку државни функции, само 5% се нови кандидати. Во ВМРО-ДПМНЕ е спротивно. 95% се нови кандидати, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој не нуди ништо ново, туку само враќање во проблеми и поделби.

-Во вечерашното интервју Заев покажа дека има недостаток на чувство за одговорност и ја гледа само својата лична комоција, Заев покажа дека не трпи различно мислење и го шиканира секој еден кој слепо не го следи. Тоа е матрицата на Заев, затоа се повеќе членови на СДСМ како Максим Димитриевски се отргаат од него. Заев цело интервју не кажа ништо ниту за криминалот на Шилегов, Весковски и остантите кандидати на СДСМ, кои видовме дека ја користеле функцијата за местење тендери. Со СДСМ нема ништо ново, само криминал, корупција и беспарица, се вели во реакцијата.

 

23.09.2021 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа