ВМРО-ДПМНЕ: Заев да бара оставка од Богоевски а тој да направи тест за дрога

По бомбата објавена вчера за Павле Богоевски, се огласија и ВМРО-ДПМНЕ откако тој истакна дека барал какабис за медицински цели.

Реакцијата ви ја пренесуваме интегрално:

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави.

          Постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати.

          Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори.

          Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога.

          Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело.

          И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична  пријава за Богоевски.

          Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина.

          Очекуваме Зоран  Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега