ВМРО-ДПМНЕ: Задоцнетите и несоодветни мерки на Филипче и Заев се причина за 1275 заразени во само еден ден

Секој ден нови тажни рекорди. Во последното деноноќие од направени 3331 тест, позитивни се 1275. Бројката на починати се движи кон 1.100, а има речиси 13 илјади активни случаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека во вакви бројки Македонија е на врвот на листата на заболени во регионот и пошироко.

„Ова е резулат на задоцнети и несоодветни мерки преземени од министерот Филипче и владата предворена од Зоран Заев. 

Болничките капацитети се веќе полни, медицинскиот кадар исцрпен, а бројките на новозаболени од ден на ден се поголеми. 

Со вакво темпо следи уште полош период. 

Дополнително, доцни и вакцинирањето за сезониски грип, кое вообичаено започнува средина на октомври, а годинава и покрај вака лошата ситуација поради КОВИД-19, е најавено за средина на ноември. 

 

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ“ стои во соопшението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега