ВМРО-ДПМНЕ: За три години јавниот долг достигна 5,4 милијарди евра

СДСМ и Зоран Заев за три години успеаја да ја задолжат државата до ниво јавниот долг да изнесува 5,4 милијарди евра. Не поминува недела без задолжување, а  граѓаните немаат ништо од тоа. Нивото на капитални инвестиции за две третини од годината не надминува една третина од годишно планираните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

„Никаде ги нема новите 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта, ниту пак 1100 километри локални патишта, кои ги вети Зоран Заев и СДСМ.

Економијата е на стаклени нозе. Доказ за тоа е и падот на продажбата на земјоделските производи за 8.9%.

Во пад е секоја гранка од економијата. Затоа се полни автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.

Младите размислуваат само како да ја напуштат државата. Апатијата која владее во општеството е создадена од СДСМ и Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат, за Македонија да тргне напред.

На 12 април Македонија ќе избере обнова“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега