ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија

„Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија?

Имено, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија“. Вака од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес-конференцијата на пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски.

„Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?

Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.

Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.

СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.

Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи“, се наведува во реакцијата на опозициската партија.

 

15.08.2022 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега