ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДС, ако СДС се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета

„ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДС, Мицкоски со тројна пред Ковачевски, ако СДС се сомнева ајде на избори народот ќе им ја даде најточната анкета.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

-На сите мерења на јавното мислење СДС катастрофално губи од ВМРО-ДПМНЕ. Истото го покажува и последната анкета направена од ИПИС, на која ВМРО-ДПМНЕ со 20% доверба кај граѓаните е во скоро двојно водство пред СДС со 12.9% доверба.

Рејтингот кој го ужива ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните е поголем од заедничкиот рејтинг на СДС и ДУИ. Имено со 20% доверба, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од збирот на рејтинзите на СДС и ДУИ, кој е 12.9% и 6.5%.

Со 13.5% доверба кај граѓаните, претседателот Христијан Мицкоски е убедливо лидер со најголема поддршка кај народот, двојно повеќе од Ахмети со 6.6% и скоро тројно пред Ковачевски со 5%.-додаваат од партијата. 

„Неправдите, криминалот, поразите и понижувањата кои ги донесоа СДС и ДУИ се причина за слабиот рејтинг на тие две партии.

Надежта, работата, посветеноста и конзистентноста која ВМРО-ДПМНЕ ја претставува е причина за големата доверба од страна на граѓаните.

Ако СДС и ДУИ малку се сомневаат во анкетите, иако длабоко во себе знаат дека на терен стојат уште полошо, тогаш ајде на избори, тие се најпрецизната анкета. Очигледно е дека народот бара промени.“-стои во соопштението.

29.05.2023 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа