ВМРО-ДПМНЕ: Владата трајно ги оштети македонските позиции на сметка на Бугарија

 

И покрај сите отстапки кои ги направи Владата, Македонија е понижувана и трпи критики од Бугарија, избори се нужност за промени, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата е категорична дека партиите на власт ги направиле сите национални отстапки и ја понижиле државата.

„Власта свесно ја втурна Македонија во состојба на политизација на европската агенда. ВМРО-ДПМНЕ апелираше да не се прифаќа се, но СДС не послуша и прифати се на штета на народот. Владата трајно ги оштети Македонските позиции, на сметка на Бугарија.

Владата на СДС и ДУИ е повеќе како влада на Бугарија и Албанија, наместо само на Македонија.

И додека веднат кичма, криминалот и корупцијата цветаат, и бизнисите на нив блиски луѓе се шират низ државата.

За влез во ЕУ не треба да се исполнат ултиматуми, туку црвсто владеење на право, стабилни институции, добра бизнис клима, предвиливост на правниот и даночниот систем, со СДС и ДУИ ништо суштински не е подобрено, напротив е уназадено“, се наведува во партиското соопштение.

29.01.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега