ВМРО-ДПМНЕ: Владата со новата еврообврзница го задолжува секое четиричлено семејство со нови 2.400 евра

Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ и Зоран Заев  не работат ништо за доброто на граѓаните и државата. Единствено нешто за кое се способни е само да ја задолжуваат државата.За само два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено изутрината.

-Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони. Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 150 милиони евра нов долг. Ова уште и означува дека СДСМ и Заев едно четиричлено семејство за една година има нов долг од 2.400 евра плус камати. Граѓаните имаат се помалку пари и поголема несигурност да ги трошат, а Владата нема абер да ја стабилизира економијата, нема вакцини, нема враќање во нормала. Уште повеќе загрижува податокот за бруто инвестициите, кои во 2020 година се намалени за 10,2% во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година за 13%. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции, се вели во дописот.

Според опозициската партија, Србија и Хрватска се задолжиле на подолги рокови, а не со пониски каматни стапки.

-Како да сето ова не им беше доволно па уште без никаков срам се фалат дека камата за овој долг била историски најниска до сега. Уште една манипулација. Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки. И двете земји со позајмените пари ги плаќаат вакцините кои навреме ги договорија и дистрибуираа до населението. Сето ова што СДСМ и Заев им го прават на граѓаните ќе следи одговорност. Граѓаните не заслужуваат вакви економски погубни политики, туку заслужуваат добар и квалитетен живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега