ВМРО-ДПМНЕ: Вирусот наречен Заев го разори системот и ја клекна на нозе државата

Филипче прогнозираше 2.000, а Македонија за жал ја надмина бројката од 7.000 заболени. Тоа е резултат на неодговорноста и неспособноста на оваа власт на Заев. Филипче наместо да биде посветен на здравјето и животите на граѓаните се занимаваше со снимање спотови за СДСМ, одење по митинзи и држење политички говори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во последното деноноќие во Македонија има пак трицифрена бројка на заболени луѓе од корона вирусот, односно новозаболени се 115 лица, а починати се 7. Со овие бројки и бројот на починати се искачи на 341. Македонија за жал е црн рекордер во регионот по број на заразени и починати на еден милион жители.

Вирусот наречен Заев го разори системот и ја клекна на нозе државата. Затоа сме на ова дереџе на кое што сме. Заев овие три години беше посветен на создавање на криминални, корупциски и рекетарски шеми. Патем видовме сведоштво дека подземјето било ангажирано од страна на кланот Заеви за да се заканува, да пали возила и да рекетира од сите оние кои не припаѓаат на кланот Заеви. Јавноста веќе слушна дека сите изрекетирани пари во државата завршиле кај Вице и Зоран заеви.

Тоа мора да престане. Изборите се шанса Заев да замине во црната историја на македонија“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега