ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го одржи завршниот митинг во Скопје.
Од пратијта информираат дека митингот, на кој ќе се обратат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе се одржи во 18:30ч, пред платото на Филхармонија.
На вчерашниот митинг во Општина Дебрца, премиерот Мицкоски порача ека очекува изборната трка за локалните избори да ја завршат со бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати.
Тој исто така ги повика граѓаните во недела масовно да излезат и да го искористат своето право на глас.

