ВМРО- Дпмне: Васев доаѓа од партија чиј лидер е запаметен по изјавите „Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“

Во име на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може да зборува единствено претседателот Христијан Мицкоски, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијката на Васев.

„Тоа за што Стефан Васев од СДСМ имаше прес конференција се чисти трачеви и глупости. Воедно, ќе потсетиме дека Васев доаѓа од партијата чијшто лидер е запаметен по личните изјави меѓу кои се и следните:

-„Ќе соберам на купче и шуто и рогато, после ќе им е** мамата и на шарените и на цела коалиција“

-„Живи луѓе има да јадеме после доаѓањето на власт“

-„Еб*му името, еб*му“

-„Еб*м ти таков народ“

-„Евро кај Вицето, директ, се знае, кеш во менувачница“

-„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, нема да дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име“

Познатите конструкции на СДСМ не „палат“ повеќе ниту во штабот на Бихаќка, камо ли меѓу граѓаните на Република Македонија на кои им е јасно кој и за што се залага и бори. Ниту една манипулација нема да го одвлече вниманието од тајните преговори на Заев со бугарските власти, тргувањето со идентитетот и распродажбата на историјата.

И за ваквите антидржавни политики и тајни преговори и тргувања со идентитетот, СДСМ ќе го чуе директно гласот на народот на следните избори“ рагираат ос опозицијата.

11.06.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа