ВМРО-ДПМНЕ: Ваков карантин Владата требаше да воведе за Велигден - опозицијата е против овие мерки

 Владата на Република Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваква слична мерка Владата требаше да донесе и за Велигденските празници.

Од партијата велат дека Владата направила грешка што спречила православните верници да го прослават Велигден.

„И тогаш и денес сметаме дека таквата строга мерка од повеќедневен полициски час ги нарушува човековите слободи и права, особено што потребно е да се отвори дебата и направи проценка за ефикасноста на превземените мерки, бидејќи и покрај нив бројот на заразени се зголемува“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега