ВМРО-ДПМНЕ: Tоа што ние го изградивме, Заев не може ни да го искречи

Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ, порача денес ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вселувањето на вицепремиерот Артан Груби со неговиот тим во нов објект.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ од инает не влегуваат во нови згради, затоа што се изградени од нив, а страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот.

-Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи. Власта плаќа кирии за стари објекти, повеќе пари за греење и други трошоци затоа што Заев не може да се помири со фактот дека ништо не направил. Четири  години имаме општа стагнација, но и по 4 години единствено добра работа што е направена е направена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од оваа партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2021 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа