ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски си нарачал, со парите на граѓаните си платил

„Каков дебакл - Стево Пендаровски си нарачал со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот.

Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе“, реагираат утринава преку писмено соопштение до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски.

Граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а тој ги троши нивните пари на политички маркетинг.

 

Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција“, стои во нивната реакција.

30.11.2021 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега